Сет креветче Cutie 4 во 1 е дизајниран да обезбеди безбедност, удобност и практичност за најмалите – од нивното раѓање па се до првите години на растење.
Со својот паметен и адаптивен дизајн, Сет Креветче Cutie 4 во 1 функционира како:
-
лулка за новороденче,
-
бебешко креветче,
-
креветче за поголемо дете,
-
и на крај удобна софа за дневна употреба.
Мултифункционалното Креветче Cutie 4 во 1 обезбедува сигурност, стабилност и лесно одржување.
Со лесна трансформација од една фаза во друга, Креветче Cutie 4 во 1 нуди долгорочна вредност и естетика што совршено се вклопува во секој модерен дом.
✨ Подарете му на вашето дете удобно и сигурно катче за растење – со Сет креветче Cutie 4 во 1 од Алекс Дизајн.
Содржина на комплетот на Сет креветче Cutie 4 во 1:
• дрвени елементи што ја сочинуваат оградата и половина од креветчето BABY (2 парчиња)
• екстензии за продолжување на креветчето (2 парчиња)
• поврзувачки лeтви за поврзување на елементи (4 парчиња)
• завртки за поврзување и држачи за дното
• тркала со кочници (4 парчиња)
• дно за душек и душек BABY- 77x60x6cm со навлака
• дно за душек и душек MINI – 121x77x10cm со навлака
Со избор на Креветче Cutie 4во1, му дозволувате на вашето дете да расте во иста средина, креветчето расте, но неговата форма останува иста.
0-6 месеци – трансформација BABY
Во оваа најрана фаза, на вашето бебе му треба најмногу внимание и интимност. Креветчето се поставува во најмалата форма -BABY. BABY креветчето е со димензии: должина – 83cm, ширина – 66cm и висина – 90cm.Креветчето има висина на душекот поставена на 35 cm мерена од горниот раб, што овозможува Вашето бебе да биде лесно достапно и секогаш видливо.
Има квалитетни тркала со сопирачки што го прави многу подвижен и лесно поминува низ отворите на секоја врата, а сепак безбеден и стабилен каде што ќе го ставите. Оставете го бебето да биде што повеќе со вас во тие први денови, а тоа нема да биде проблем со подвижноста што ви ја овозможува креветчето.
Оваа фаза се користи додека детето не наполни 6 месеци или додека бебето не може да седи самостојно.Според потребите на детето, вие го уредувате креветчето кое најмногу му одговара на вашето дете.
6-24 месеци – трансформација MINI 1
MINI е креветче кое може да се користи за дете од самото раѓање (со положбата на душекот поставен горе), но најдобро е да се користи од 6 месечна возраст или од моментот кога детето ќе може самостојно да седи (со положбата на душекот надолу). Ширината на Mini креветчето е 83cm, должина 126cm и висина 81cm/90cm со поставени тркалца. MINI има висина на душек поставена на 65 cm, мерена од горниот раб на креветчето.
MINI се добива со едноставно надградба на BABY со екстензии вклучени во секој сет. Со поврзување на додатоците и спуштање на положбата на душекот добивате прекрасно креветче во кое вашето бебе ќе ги помине следните 3 години. Креветчето е многу прозрачно и ви овозможува секогаш да го гледате вашето дете низ оградата, а ниската положба на душекот го штити вашето дете и прави да биде безбедно дури и кога детето ќе почне да оди.
24-48 месеци – трансформација MINI 2
По 18-месечна возраст, кога вашето дете е веќе многу активно и безбедно оди, време е вашето креветче Cutie да порасне, или во овој случај, само малку да ја промени својата форма. Со едноставно демонтирање на една од оградите и отстранување на тркалата, вашето поранешно креветче прераснува во вистински мал кревет во кој детето може самостојно да влезе и да излезе.
4-10 години – трансформација ЈUNIOR
Во комплетот не се вклучени додатоците и душекот за оваа трансформација.
Вклучено:
• 4 годишна гаранција
• Упатство за употреба
• Монтажата се врши самостојно, по упатство













